„Сѐ е простено“

Ова е новата насловна на Шарли ебдо: Мухамед е Шарли (ФОТО)

Новиот број на сатиричниот неделник Шарли ебдо, на кој работат преживеаните членови на редакцијата десеткувана во минатонеделниот масакр во Париз, на насловната страница ќе има карикатура на Мухамед. Адвокатот на весникот кажал дека во новиот број пророкот Мухамед, покрај останатите, „очигледно повторно ќе се најде на нишан на сатирата, за да покажеме дека редакцијата нема ни милиметар да отстапи пред екстремистите што се обидуваат да ја замолчат“.

Специјалното издание на весникот, кое излегува утре, ќе биде испечатено на 16 различни јазици за читателите низ светот. Претходно беше соопштено дека новиот број ќе биде испечатен во еден милион, наместо во вообичаените 60.000 примероци, а ќе има 8 наместо вообичаените 16 страници.

Францускиот премиер Мануел Валс вчера изјавил дека земјата е во војна против „тероризмот, џихадизмот и радикалниот ислам“, додека министерот за одбрана Жан Ив ле Дријан најавил дека дополнителни 10.000 припадници на силите за безбедност ќе бидат разместени низ земјата во рамки на засилените мерки за безбедност.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе