Ова е напаѓачот на потпретседателката на Аргентина: Има 35 години и нацистичка тетоважа

Безбедносните власти во Аргентина го потврдија идентитетот на човекот кој се обиде да изврши атентат на аргентинската потпретседателка Кристина Кирхнер. Станува збор за 35-годишниот Бразилец Фернандо Андрес Сабаго Монтиел.

Фото: Твитер

Аргентинските медиуми пишуваат дека Монтиел е роден во Сао Паоло и дека е син на Чилеанец и Аргентинка. Тој живее во аргентинското село Вила дел Парке повеќе од 20 години. Порано работел како таксист, моментално е невработен и веќе и бил познат на полицијата.

Монтиел минатата година доби кривична пријава кога полицијата го запрела во автомобил без регистарски таблички во март. Тогаш кај него била пронајдена мачета долга 35 сантиметри.

Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, се гледа дека 35-годишникот на лактот има тетоважа на црно сонце.

Станува збор за нордиски симбол кој го презеле нацистите и окултното друштво Туле, кое го основале богати аристократи и кое ја бранело надмоќта на ариевската раса. Од 1918 до 1922 година групата извршила 300 политички злосторства, покажуваат податоците.

Напаѓачот сега се наоѓа во затворот на аргентинската федерална полиција во Вила Лугано, а неговиот случај го презеде сојузната судијка Марија Еугени Капучети.

Кирхнер, актуелната потпретседателка и поранешна претседателка на Аргентина, вчера дошла со официјална придружба пред својата куќа во Буенос Аирес кога Монтиел се обидел да пука во неа од непосредна близина. Но, пиштолот не пукнал.

Минатата недела стотици активисти се собрале пред куќата на Кирхнер, која е обвинета за корупција и измама во врска со доделувањето јавни договори во Санта Круз за време на нејзините два претседателски мандати од 2007 до 2015 година.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе