Отворена истрага за наводното прислушување на Александар Вучиќ

Обвинителството за организиран криминал во Белград отвори предистражна постапка околу тврдењата за неовластено прислушување на претседателот на Србија Александар Вучиќ.

EPA-EFE

Предистражната постапка е отворена на 15 декември 2020 со барање од српската полиција за собирање на потребните информации, а барањето било дополнето на 14 јануари, се наведува во соопштението на обвинителството.

Српскиот претседател изјави на 31 декември дека бил прислушуван и дека тоа „го правеле домашни“, а „надлежните тела ќе утврдат дали се поврзани и со странци“, кажа тој.

Прислушувањето на шефот на државата е „директен обид за државен удар“, истакна тогаш Вучиќ.

На почетокот на јануари белградските медиуми објавија дека е отворена „опсежна и детална истрага“ за тоа кој, и по чиј налог и со која цел го прислушувал претседателот на Србија, а министерот за внатрешни работи Александар Вулин кажа дека „сигурно ќе дојде“ до вистината и дека „службите работат на истрагата“.

„Ќе дојдеме до вистината, а правосудните тела ќе го одработат своето“, истакна Вулин, додавајќи дека претседателот на Србија „на полицијата ѝ дал целосно одврзани раце да ја утврди целосната вистина во овој случај“.

Обвинителството во соопштението наведе дека целта на предистражната постапка е да се проверат сите информации и известувања кои се „неопходно за расветлување на сите факти и околности“ во врска со прислушувањето, со намера за откривање на извршителите и кривичните дела во надлежност на обвинителството за организиран криминал.

Одделни српски медиуми објавија вчера дека поранешната државна секретарка во српското министерство за внатрешни работи Дијана Хркаловиќ одбила полиграфско испрашување и не сакала да прифати да оди на детектор за лаги.

Според Вечерње новости, било планирано Хрковиќ да биде испрашана за аферата околу прислушувањето на Вучиќ и нејзините наводни контакти со лица од криминалното подземје.

„Таа го одбила тестирањето во моментот кога требало да биде приклучена на полиграф“, објави Новости.

Медиумите објавија и дека досега во аферата искази дале повеќе од 50 лица, меѓу кои и одделни високи службеници од српското министерство за внатрешни работи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе