Отворена истрага против Мило Ѓукановиќ поради врски со Коза ностра

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ кажа дека е информиран дека Специјалното државно обвинителство (СДО) формирало предмет по повод тврдењата на албанскиот нафтен тајкун Резарт Тачи, кој го спомнува во контекст на меѓународното перење пари и сомнителни исплати поврзани со италијански државјани.

EPA-EFE

Кажа дека се радува на ефикасното постапување на обвинителството и дека ќе се јави на повик на кој било државен орган, пренесува подгорички Вијести.

Тој на конференција за медиумите во резиденцијата на Цетиње, каде разговарал со претседателот на Полска Анджеј Дуда, кажа дека „помалку или во повеќе во однос на оваа тема сè е кажано“.

„Станува збор за целосно исконструирана афера. Од кабинетот претходно беше соопштено дека не знам за кои лица станува збор, ниту сум имал каков било контакт со нив. И банката (Прва банка) кажа дека со тие луѓе никогаш немала контакт. Би кажал дека станува збор за фалсификат, што стана еден вид пракса во политичкиот живот и медиумската пракса кога се сака субверзивно да се сврти вниманието на јавноста од реалните проблеми во Црна Гора, како што е нефункционалната и неодржлива власт и тогаш се сака јавноста да се забавува со нови афери“, кажа Ѓукановиќ.

И неодамна, додаде, имало „една таква афера“.

„Во центарот на тие афери сум јас, а нивната цел е да се дискредитира она што се придобивки на Црна Гора во минатиот период. Не би кажал дека тие ефекти се мали. Навистина верувам во сè што работев. Имаме многу силно политичко движење кое се обидува сето тоа да го дискредитира. Потребни се само неколку дена за сите тие афери да се распаднат како кула од карти. Денес повеќе никој не ги спомнува Пандорините документи, исто така нема да се спомнуваат и овие приказни од Италија и Албанија“, наведе Ѓукановиќ.

Од тој, како што кажа, богат репертоар на исконструирани афери „повторно се фаќаме во замки кои ни ги подготвуваат други или самите сакаме да поставуваме такви замки“.

„Немам никаков однос осум години со таа банка и сето што таму го пишува. Но сето тоа е составен дел на балканската интерпретација на слобода на медиумите“, заклучи Ѓукановиќ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе