Обвинителството заплени документи од локалниот катастар

Отворена истрага: Дивата градба е причината за жртвите и штетата од земјотресот во Албанија?

Обвинителството во Драч заплени документи од локалниот катастар, со што и официјално почна истрагата за околностите кои, за време на минатинеделниот земјотрес, придонесоа за уривањето на низа станбени згради и смртта на 23 лица во тој град, јавуваат албанските медиуми.

„Постои основан сомнеж дека смртните случаи и штетата на објектите се последица на нелегално градење“, се наведува во документот на обвинителството на Драч.

Истрагата е отворена бидејќи обвинителството смета дека смртните случаи и уривањето се последица на нелегално градење или непочитување на прописите и стандардите.

Албанските медиуми наведуваат и дека во земјотресот се оштетени над 5.000 објекти, како и дека во домовите не можат да се вратат околу 9.000 жители на таа држава.

Во неколку десетици училишта наставата нема да може да се одржи сѐ додека не бидат извршени сериозни поправки.

Во земјотресот во Албанија во вторникот, на 26 ноември, загинаа 52 лица, а повеќе стотици се повредени.

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе

Стануваме и општество на меѓунационална недоверба и постојана сомничавост, која не секогаш е без причина.

повеќе

Македонија во НАТО е заслуга на сите политички партии од  осамостојувањето на земјата, а не само ДУИ.

повеќе