Најширок мост на светот

Отворен нов мост над Нил, со шест ленти во секоја насока

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси го отвори новиот висечки мост над реката Нил кој е прогласен за најширок на светот, во еден од низата големи проекти предводени од војската и осмислен за унапредување на инфраструктурата и отворање работни места.

Мостот кој ја преминува реката Нил северно од Каиро, е клучна алка на автопатот кој се протега од Црвеното Море на исток до северо-западниот брег на Египет и е наменет да се намали застојот во главниот град.

Во средата наутро сообраќајот во центарот на Каиро бил запрен, за Сиси да отпатува да го отвори мостот со министрите и воените генерали.

Како најширок мост, има шест сообраќајни ленти во секоја насока и е широк 67,3 метри. Регионалниот директор за Гинисовата книга на светски рекорди присуствуваше на отворањето и потврди дека тоа е најширокиот мост на светот.

За негова изградба се искористени околу милион кубни метри бетон и 1.400 километри челична жица за 160 кабли, како што се наведува во презентацијата на официјалното отворање.

Мостот поминува преку островот Варак, која има околу 100.000 жители, од кои некои протестираа против планираното уривање на островот и проектот за развој на островот во „модерна станбена заедница“.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе