Њу Делхи

Отровен индиски пречек за Ангела Меркел

Германската канцеларка доби, отровен пречек во Њу Делхи, како што процени АП, додека со претседателот на Индија се движеше пред почесната гарда поставена во нејзина чест.

Претседателот на Индија, Нарендра Моди и неговата гостинка од Германија го игнорираа предупредувањето од здравствените експерти дека за време на престој надвор треба да се носи заштитна маска, заради енормното големо загадување на воздухот во Њу Делхи.

Така, Моди и Меркел „убаво се прошетаа“ покрај почесната гарда пред претседателската палата, вдишувајќи којзнае колку отров од презагадениот воздух во Делхи, наведе агенцијата, истакнувајќи дека како и многу пати Меркел морала да седне за време на интонирањето на химната.

Индиската владина агенција за следење на квалитетот на воздухот претходно соопшти дека воздухот над индиската престолнина, инаку „коктел“ од штетни индустриски гасови, оние од возила но и отрови од испарувањето на земјоделските земјишта, е алармантен.

Според податоците од Светската здравствена организација, кои на својата веб-страница се поставени од страна на американската амбасада во Индија, присуството на особено опасните честички во воздухот над Делхи е дури 19 пати поголем од она што се смета за опасна горна граница.

Главната контрола за загадувањето во четвртокот го крена алармот на највисок можен степен.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе