Откривач: Авганистанците кои ѝ помагале на Британија биле издадени

Само 5 отсто од авганистанските државјани кои побарале помош за бегство од земјата во рамки на британската евакуација по талибанското преземање на власта добиле помош, а останатите останале или биле убиени по падот на Кабул, тврди еден откривач.

EPA-EFE

Рафаел Маршал, кој работел за Кабинетот за надворешни работи, Комонвелтот и развој (ФЦДО) за време на повлекувањето, раскажал како во еден момент бил единственото лице кое ја надгледувало пристигнатата електронска пошта каде што пристигнувале молбите на луѓето за помош.

Владините изјави за надежта дека талибанците се смениле не биле во согласност со информациите кои ги добивал.

Пишаните докази на Маршал треба да ги објави Одборот за надворешни работи, а неговиот претседател, конзервативниот пратеник Том Тагендхет, кажа дека неуспесите во евакуацијата „ги издале нашите пријатели и сојузниците и го прокоцкале деценискиот напор на Британија и НАТО“.

Маршал работел за тимот кој се бавел со специјалните случаи на Авганистанци кои биле во опасност поради своите врски со Обединетото Кралство, а кои не работеле директно за британската влада.

Проценил дека на неговиот тим „меѓу 75.000 и 150.000 луѓе се пријавиле за евакуација“, а „помалку од 5 отсто од тие луѓе добиле некаква помош“.

Наведува дека е „јасно дека некои од тие луѓе кои останале во меѓувреме ги убиле талибанците“.

Кажал дека ниту еден член на тимот кој работи на овие случаи „не го проучувал Авганистан, не работел претходно во Авганистан ниту имал детално познавање на земјата“.

Маршал додал дека пониските службеници „се преплашиле бидејќи од нив се барало да донесат стотици одлуки за живот и смрт за кои ништо не знаеле“.

Неговите изјави доаѓаат во момент кога службеници на ФЦДО и амбасадорот во Авганистан Лори Бристоу треба да сведочат пред Одборот.

Маршал тврди дека тогашниот министер за надворешни работи Доминик Раб „не ја сфатил целосно ситуацијата“, електронската пошта била отворана но ништо не било преземано.

Тој мисли дека „целта на тој систем била да се овозможи на премиерот и министерот за надворешни работи да ги информираат пратениците дека нема непрочитани мејлови“.

„Впечатлив е контрастот меѓу изјавите на владата за променетите талибанци и големиот број многу веродостојни тврдења за многу тешки кршења на човековите права кои владата ги добивала преку мејл“, додал.

Тагендхет кажал: „Тие обвинувања се сериозни и навлегуваат во сржта на неуспехот на лидерството во авганистанската катастрофа, која ја видовме за време на оваа истрага“.

„Овие неуспеси ги издале нашите пријатели и сојузници и ги прокоцкале децениските напори на Британија и НАТО. Доказите кои ги слушнавме зборуваат за нефункционалноста во британското министерство за надворешни работи и значајните пропусти за време на напорите за евакуација од Авганистан“.

„Некои евакуацијата ја опишаа како успешна, но овие тврдења упатуваат на сосема поинаква приказна – приказна за недостиг на интерес и бирократија пред човечноста. Се покажа дека тоа било вистински тест за лидерството и ефикасноста на Форин офисот, со животите на многу наши пријатели и сојузници од другата страна“, додава Тагендхет.

Портпаролот на британската влада истакна дека „персоналот на владата на Обединетото Кралство неуморно работел на евакуацијата на над 15.000 луѓе од Авганистан во рок од две недели“.

„Ова беше најголемата мисија од тој вид со генерации и втора најголема евакуација која ја спровела некоја земја. Сè уште работиме на тоа да им помогнеме на други да заминат“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе