Пред седиштето на ФСБ

Откриено кој е убиецот од Москва (ВИДЕО)

Руската полиција го идентификува човекот што пукаше во зградата на Федералната служба за безбедност како 39-годишен чудак и љубител на оружје.

Евгениј Мањуров од Подолск, кој се наоѓа на околу 40 километри од Москва, уби еден член на Федералната служба за безбедност и рани уште петмина пред да биде убиен.

Полицијата во четвртокот вечерта го претресла станот во Мањуров, во кој живеел со мајка му.

Мањуров бил вработен во приватна безбедносна агенција, од која бил отпуштен и никогаш немал пријатели што го посетувале.

Поседувал одреден број пушки и учествувал во натпревари за стрелаштво. Тој заврши трет на натпревар во ноември. Во претресот на станот полицијата пронашла пет пушки со големо количество муниција.

Мајката на Мањуров, која била приведена на распит, додала дека во неколку наврати го слушнала својот син како зборува англиски со „Арапи“, кои почнале да се јавуваат кога ја загубил работата. Според сведоци, Мањуров извикувал пароли типични за Исламска држава кога отворил оган пред ФСБ.

Речиси во исто време кога беше извршен нападот пред ФСБ, Путин, поранешен офицер на КГБ, претходникот на ФСБ, држеше говор на концерт во Кремљ во чест на припадниците на таа безбедносна агенција, на оддалеченост од помалку од еден километар.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе