Откриено е колку површина изгорела во Грција. Премиерот: Ова е катастрофа

Катастрофалните шумски пожари предизвикани од најлошиот топлотен бран во Грција во повеќе децении уништија повеќе од 100.000 хектари шума и обработливо земјиште. Ова е најголемата штета од пожар што ја претрпе Грција од 2007 година, објави денеска Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС).

Фото: ЕПА

Пожарите оставија двајца загинати, стотици останаа без домови, а илјадници биле евакуирани. Економската штета, како и штетата врз животната средина, сè уште не е проценета, но ќе биде голема.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска се обрати до јавноста, опишувајќи го „мегаогнот“ како „најголема еколошка катастрофа во последните децении“, пренесува АФП.

„Климатската криза е тука... и ни кажува дека треба да промениме сè“, им рече тој на новинарите, споменувајќи ги разорните пожари во Турција, Италија и Алжир.

Само во пошироката област во Атина, пожарите минатата недела уништија повеќе од 150 домови.

Премиерот им се заблагодари на пожарникарите, волонтерите и локалното население за спасување на домовите и деловните простории, но десетици згради и куќи сепак се уништени во пожарите.

На грчките пожарникари во борбата против големите пожари им помогна дождот што падна во текот на ноќта, пренесува агенцијата дпа.

На Евија, вториот по големина грчки остров по Крит, повеќето пожари се изгаснати, како и оние на јужниот дел на Пелопонез. Градоначалниците на полуостровот за локалните медиуми изјавија дека ситуацијата е многу подобра.

ТВ Скај пренесува дека првите капки дожд биле поздравени со автомобилски труби.

Пожарникарите предупредуваат дека ситуацијата е сеуште опасна - огнот сè уште гори и може повторно да се разгори, а во Грција дуваат силни ветрови.

Промената на времето предизвикало грмотевици, што предизвикале помали пожари западно од Атина и на северот од земјата, но тие брзо биле изгаснати.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе