Откриено е дека Британците испратиле предупредување до Германија 9 дена пред страшните поплави

Системот за алармирање во случај на елементарни непогоди во Германија денес се најде на мета на критики поради доцното предупредување на граѓаните за време на поплавите што минатата недела ги погодија западните делови на Германија.

Фото: ЕПА

„Кога е во прашање заштита од катастрофи, во иста мера сме лошо подготвени како што бевме и во случај со пандемијата“, изјави за Рајнише пост, Карл Лаутербах, портпарол на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) за здравстевни прашања.

Тој рече дека Германија треба да биде подобро подготвена за вакви случаи затоа што во иднина ќе има „и повеќе пандемии и повеќе катастрофи“ како онаа што ја погоди Германија минатата недела.

Политичарот на опозициската Либерално-демократска партија (ФДП), Мајкл Теурер зборуваше за „целосен колапс на системот за тревога“ и посочи дека германските власти биле предупредувани неколку дена пред обилните дождови на можноста за излевање на реките од коритата.

„Навремените предупредувања од метеоролозите не се пренесени до населението и тоа е неуспех и на властите и на јавниот медиумски сервис“, рече Теурер.

Расправата во Германија се разгоре откако британските медиуми пренесоа изјави на некои експерти кои велат дека Германија повеќе пати била предупредувана од европските институции за надоаѓање на огромни количини врнежи.

Хана Клок, британски хидролог и коавтор на Европскиот систем за предупредување од поплави (ЕФАС), изјави дека Германија 24 часа пред да се излее реката Ахр била предупредена за таа веројатност. Подоцна, токму во таа област загинале над 100 лица.

„Првите индикации дека се подготвуваа катастрофа беа испратени во Германија девет дена пред излевањето на реката, а 24 часа претходно Германија доби прецизни информации за тоа каде ќе дојде до поплави“, изјави Клок за Сандеј тајмс.

Таа, исто така, за германскиот јавен сервис ЗДФ изјави дека Германија била предупредена, но дека очигледно „синџирот на предупредување пукнал и на крајот не стигнало до граѓаните“.

Министерството за внатрешни работи на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, една од двете најтешко погодени покраини, призна дека уште минатиот понеделник, два дена пред поплавите, имале сознание за „екстремно невреме“ што се надвива над погодената област.

Шефот на Сојузната канцеларија за заштита на граѓаните и помош во случај на катастрофи, Армин Шустер, се бранеше од критики тврдејќи дека „инфраструктурата за тревога“ функционирала на ниво на комуникација меѓу сојузните и локалните власти.

„Преку нашите апликации и медиуми издадовме над 200 предупредувања“, рече Шустер.

Тој истовремено рече дека не е можно со прецизност да се каже на кои места можат да се излеат реките.

Шустер повика во системот за тревога повторно да се вклучи и мрежата на сирени, кои би функционирале и во случај кога, како што беше случај минатата недела, да колабираат мобилните телекомуникациски мрежи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе