Откриено чиј е Ф-18 кој се приближи на авионот на рускиот министер за одбрана

Ловецот Ф-18 на НАТО кој се обиде да му се приближи на авионот на министерот за одбрана на Русија над меѓународните води на Балтичкото Море, му припаѓа на военото воздухопловство на Шпанија.

Авионот е во составот на мисијата на НАТО за патрола на воздушниот простор на балтичките земји.

Мадрид во балтичките земји распореди вкупно пет ловци Ф-18 заедно со 140 припадници на екипажот и сервисните тимови. Шпанскиот контингент се наоѓа во литвански Шијаулијаи и ќе остане на Балтикот до крајот на август. Патролната мисија на НАТО во моментов ја сочинуваат шпанските, британските и унгарските воздухопловни сили.

Претходно министерството за одбрана на Русија соопшти дека инцидентот се случил кога авионот со министерот Сергеј Шојгу во придружба на два ловци Су-27 од Балтичката флота на Русија од Калининград летал кон Москва. На авионот се обидел да му се приближи ловец Ф-18, но пилотите на руските ловци го избркале авионот на НАТО, не дозволувајќи му да се приближи.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе