Франција

Откриени „некои слабости“ во структурата на Нотр Дам по пожарот (ВИДЕО)

Пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз почнал случајно, потврди денеска парискиот обвинител. Француските власти рекоа дека во структурата на градбата се откриени „некои слабости“.

Помладиот министер за внатрешни работи, Лорен Нуњез, изјави за медиумите дека „некои слабости“ се откриени во структурата на Нотр-Дам еден ден откако катедралата беше зафатена од огромен пожар.

„Генерално, структурата добро се држи, но откриени се некои слабости, особено во сводот и запчаникот на северниот трансепт, кои треба да се средат“, им рече Нуњез на новинарите на местото на настанот, додавајќи дека за таа цел се евакуирани пет соседни згради, бидејќи поправките ќе траат 48 часа.

Анализата била направена од група експерти, вклучително и полицајци и архитекти, кои биле повикани да ја проучат штетата предизвикана од пожарот.

Откако целосно го изгаси пожарот, париската противпожарна бригада продолжува да ги надгледува градбите на зградата и нивното движење, објави Франс прес.

Францускиот нафтен гигант Тотал, меѓу многуте други, денеска вети дека ќе даде 100 милиони евра, а папата Франциско повика „сите да се мобилизираат“ во обновата на Нотрдамската катедрала.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе