Група за човекови права интервјуирала дисиденти

Откриени локации на стотици јавни егзекуции во Северна Кореја

Група за човекови права со седиште во Сеул соопшти дека идентификувала стотини локации на кои сведоците тврдат дека Северна Кореја извршила јавни погубувања и убиства без судење.

Работната група за транзициска правда од Сеул соопшти дека нејзиното истражување е засновано врз интервјуата со 610 севернокорејски дисиденти што се спроведени во текот на четири години и кои помогнаа да се лоцираат локациите со сателитски снимки, пренесува Асошиејтед прес.

Оваа група не ги откри точните локации на 323-те локалитети зашто е загрижена дека Северна Кореја ќе им пречи, но кажа дека 267 од нив се лоцирани во двете североисточни покраини близу границата со Кина, од каде што се повеќето дисиденти што се интервјуирани.

Јавните погубувања во Северна Кореја обично се случуваат во близина на реки, полиња и на ридови, како и на пазарите и училишните терени, каде што жителите и членовите на семејствата на осудените често се присилени да присуствуваат на убиствата, се наведува во извештајот.

Групата исто така соопшти дека документирала три локации на кои луѓето умреле додека биле во притвор и 25 локации на кои државата наводно ги одлагала телата.

Во соопштението се наведува дека исто така се откриени официјални локации на кои би можело да има документи или други докази поврзани со убиствата.

АП не можеше независно да го верификува извештајот, а групата потврдила дека нејзините наоди не се дефинитивни зашто таа нема директен пристап во Северна Кореја и не може да ги посети локациите за кои известуваа дисидентите.

Итан Хи Сеок Шин, еден од авторите на овој извештај, исто така кажа дека интервјуата со дисидентите укажуваат на тоа дека јавните погубувања во Северна Кореја стануваат сѐ поретки, иако не е јасно дали е тоа поради фактот што сега повеќето погубувања се случуваат во тајност.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе