Откриени детали од потрагата по девојчето во Србија: грабнувачот испратил порака до полицијата

Дванаесетгодишната Моника Каримановиќ, која беше грабната од повеќекратниот силувач Нинослав Ковановиќ, познат како Малчанскиот бербер, беше најдена по девет дена интензивна полициска потрага.

Девојчето по девет дена беше најдено живо и во свесна состојба во селото Пасјача, од каде потекнува мајката на Јовановиќ. Монструмот и понатаму ѝ бега на полицијата, но се очекува наскоро да биде лоциран и фатен. Според српските медиуми, полицијата го опколила.

Откако полицијата ги повика мештаните на Пасјача да ги проверат своите куќи и викендички и да пријават ако видат нешто сомнително, еден маж, кој во селото има викендичка во која никој не престојува, го посетил својот имот. Тој тогаш забележал маж како бега од имотот и веднаш ја повикал полицијата. Во викендичката било најдено грабнатото девојче.

Девојчето беше најдено живо и во стабилна состојба, и веднаш пренесено во Ниш на прегледи. Монструмот ѝ ја истрижил главата до кожа. Моника беше најдена изнемоштена и со гребнатини, но во стабилна состојба.

„Малчанскиот бербер“ малата Моника ја грабна на 20 декември околу 7:30 часот на пат до училиште во местото Брзи Брод. Грабнувањето, според сите информации откриени за време на потрагата, го подготвувал со месеци.

Јовановиќ, за жал, сѐ уште е во бегство, но стотици полицајци интензивно трагаат по него. На терен се и кучиња трагачи, како и хеликоптери, додека монструмот бега пешки.

Според неофицијални информации, Моника им раскала на полицајците дека Јовановиќ избегал со нож во раката и дека ѝ кажал дека „жив нема да им падне во раце на полицајците“.

Државната секретарка во српското министерство за внатрешни работи Билјана Поповиќ Ивковиќ истакна дека грабнувачот Нинослав Јовановиќ, попознат како Малчанскиот бербер, „ја мачел и злоставувал Моника Каримановиќ“.

„Ќе кажам, без да ја загрозам истрагата, дека девојчето ни кажа дека пешачеле и по пет часа, а тој постојано ја мачел и ѝ се заканувал. Кога дошле полицајците, таа само кажала „Не ме повредувајте“. Таа била мачена и злоставувана“, кажа Поповиќ Ивковиќ.

„Бидете сигурни дека ќе го фатиме“, истакна таа.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе