Откриени детали од геј-оргијата на која бил Орбановиот европарламентарец (ФОТО)

Унгарскиот десничарски европарламентарец Јозеф Сајер, кого полицијата го фати на геј-оргија, ја напушти партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан.

EPA-EFE

Во меѓувреме протекоа нови детали за геј-оргијата од која Сајер, познат по жестоките анти-ЛГБТ ставови, неуспешно се обидел да избега кога упаднала полицијата.

Полицијата упаднала на секс-забавата на првиот кат на зградата над геј-барот Ле детур бидејќи се одвивала за време на полициски час, кој е во сила од 22 до 6 часот во главниот град на Белгија и седиште на европските институции, во рамките на мерките против пандемијата на ковид-19.

Домаќинот на забавата, 29-годишниот Давид Манзхели, дал интервју за унгарскиот таблоид Бик и белгискиот весник Хет лаатсте њуфс, бранејќи се од обвинувања дека со својата забава го прекршил полицискиот час.

Манзхели тврди дека поканил само десетина машки гости на забавата и дека имал две медицински сестри, кои на гостите им правеле брзи тестови за ковид-19 на влезот, за да обезбеди дека на забавата нема да има учесници позитивни на коронавирусот.

Сајер, вели домаќинот, воопшто не бил поканет на оргијата, но дошол како придружник на пријател што бил поканет.

„Секогаш поканувам неколку мои пријатели на забавите, кои потоа канат некои свои пријатели и потоа заедно се забавуваме. Разговараме со пијалак, како во кафуле. Единствената разлика е што во меѓувреме имаме секс едни со други. Не гледам ништо погрешно околу тоа“, кажал домаќинот за Бик, кој објави фотографии од станот во кој се одвивала забавата.

Манзхели тврди дека не го познавал унгарскиот десничарски политичар пред тој да дојде на забавата, но дека таа вечер имало многу меѓународни гости. Полицијата дошла на повик на соседите, кои се жалеле на бучавата.

„Полицијата ја провали вратата без да чукне. Беа многу безобразни, нè навредуваа“, вели домаќинот и додава дека 12 до 15 полицајци упаднале брз налог и дека им упатувале хомофобни навреди: „Постапуваа кон нас како Гестапо“.

"Ze hebben homofobe opmerkingen gemaakt tegen mijn gasten. De politie moet homo’s respecteren."

Posted by HLN.be on Wednesday, December 2, 2020

59-годишниот Сајер се обидел да избега преку прозорец од станот, со спуштање преку олук од првиот кат, кога упаднала полицијата, но на крајот сепак го фатиле бидејќи го видел минувач. Бидејќи со себе немал лични документи, но му нашле таблети од дрогата екстази во ранецот, полицијата соопшти дека го испратиле до неговиот стан каде што им покажал унгарски дипломатски пасош и се повикал на имунитетот.

Интересно е што уште двајца учесници на оргијата се повикале на имунитет – еден со иницијали Д.О. роден во 1977, и друг со иницијали П.Б. роден 1987 година, соопшти полицијата.

Сите учесници на забавата се казнети со парична казна од 250 евра поради кршење на епидемиолошките мерки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе