Откриени честички радиоактивен јод на руско-норвешката граница

Норвешка анализира откриени помали количества честички радиоактивен јод во воздухот во својот северен дел неколку дена по смртоносната експлозија за време на тестирање ракета во Русија.

Руската државна нуклеарна агенција Росатом објави во саботата дека во експлозијата загинаа пет члена на персоналот и дека несреќата вклучувала „изотопни извори на енергија“, не откривајќи повеќе детали.

Норвешката агенција за радијациска и нуклеарна безбедност (ДСА) соопшти дека забележала честички радиоактивен јод на мерната станица во Сванховд на границата со Русија.

Примероците биле собрани од 9 до 12 август. Несреќата се случи на 8 август на северот на Русија.

„Засега не е можно да се одреди дали последната детекција на јод е поврзана со несреќата во регионот Архангелск минатата недела. ДСА продолжува да собира примероци и да врши анализи“, се наведува од норвешката агенција.

Ваквите мерења на зрачењето не се невообичаени во Норвешка, нејзините мерни станици откриваат радиоактивен јод шест до осум пати годишно, а изворот на честичките е главно непознат.

Руската државна метеоролошка служба во вторникот кажа дека нивото на радијација во градот Северодвинск пораснала за 16 пати минатиот четврток, а лекарите кои им пружале помош на жртвите во несреќата биле испратени во Москва на преглед, јави агенцијата ТАСС.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе