Откриена причината за смртта на Ивана Трамп

Ивана Трамп првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, почина како последица на повреди на градниот кош, соопштија лекарите во Њујорк.

Фото: ЕПА

Во соопштението во кое не се прецизираат околностите се наведува дека нејзината смрт била случајна.

Доналд Трамп во четвртокот објави дека Ивана Трамп (73) починала „во својот дом во Њујорк“.

Истрагата се обидела да утврди дали Ивана Трамп паднала по скалите на својот дом во луксузниот дел на Менхетен, според Њујорк Тајмс.

Родена е како Ивана Зелничкова во 1949 година во чехословачкиот град Готвалдово.

Двојката Трамп беше во брак од 1977 до 1992 година кога се разведоа. Тие заедно имаат три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе