Откриена мумија што може да ја смени историјата на мумиите

Останките откриени во Египет можеби се за околу 1.000 години постари од она што досега се мислеше за мумифицирањето.

Фото: ЕПА

Достоинственик по име Куви, кој живеел пред околу 4.400 години, може да заврши како една од најпознатите мумии во историјата. Под услов неговата приказна да се покаже точна.

Археолозите во Египет велат дека останки откриени во 2019 година може да докажат дека Египќаните правеле софистицирани мумифицирања околу 1.000 години порано отколку што се мислеше, пренесува Гардијан. Меѓу другото, тоа би значело дека го отстранувале мозокот и другите органи и користеле висококвалитетни смоли и материјали за да го зачуваат трупот. Долго време се веруваше дека таквите мумифицирања не се случувале за време на она што е познато како Старото Кралство, околу 2700 п.н.е. до 2200 п.н.е.

„Ако ова е навистина мумија од Старото Кралство, сите книги за мумификацијата и за историјата на Старото Кралство ќе треба да се ревидираат“, вели Салима Икрам од Американскиот универзитет во Каиро. Друг археолог вклучен во истражувањето, Мохамед Мегахед, изразува слично чувство: „Ако ова навистина е Куви, ова е неверојатно откритие за историјата на древниот Египет“.

И двете изјави, сепак, се претпоставки бидејќи доказите се само посредни - засега.

Мумифицираните останки се откриени во гробница чии артефакти датираат од пред повеќе од 4.000 години, вели Лајв саенс.

Гробницата навистина му припаѓала на благородник по име Куви, врз основа на хиероглифите пронајдени внатре. А самиот Куви живеел за време на Старото Кралство. Но можно е во одреден момент по неговото погребување, посмртните останки на Куви да биле отстранети и гробницата да била „пренаменета“ за некој посовремен труп.

Следниот чекор е да се спроведе датирање со јаглерод-14 на остатоците, чии резултати треба да се знаат за околу шест месеци. Ако мумијата навистина потекнува од Старото Кралство, таа исто така би можела да фрли ново светло на трговијата во тоа време, бидејќи користените смоли веројатно би биле увезени од она што сега е Либан.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе