Откриен идентитетот на напаѓачот од Плимут: Мрази жени, го сака Трамп и оружје (ВИДЕО)

Синоќа во напад во англискиот град Плимут од истрели од огнено оружје беа убиени пет лица. Британските медиуми јавија дека напаѓачот е Џејк Дејвисон, момче во 20-тите години.

@Facebook

Полицијата јави дека напаѓачот е најден мртов на лице место и дека имал прострелна рана. Идентитетот на напаѓачот сè уште не е официјално потврден.

Иако живеел во Плимут, на неговата фејсбук страница е наведено дека по потекло е од американски Феникс. На социјалните мрежи го поддржувал Доналд Трамп, а споделувал бројни статуси за истражувањето на вселената. Работел за компанијата Бабкок интернешнал, која во април најави откази за илјадници свои работници.

Сан пишува дека Дејвисон е десничар опседнат со американската култура на оружје. Тој имал и канал на Јутјуб на кој зборувал за својот пропаднат љубовен живот. Ја следел Инсел ТВ – интернет група за поддршка на луѓе во „несакан целибат“, кои ги карактеризираат мизогинија и теории за надмоќта на мажот.

Се појавија информации дека меѓу жртвите се и родителите на напаѓачот, но ова не е официјално потврдено. Имињата и возраста на жртвите не се објавени, но локалниот пратеник Лук Полард кажа дека едно од убиените лица е дете „помало од десет години“.

Полицијата потврди дека се убиени три женски и две машки лица и дека напаѓачот потоа си го одзел животот. Се истакнува дека нападот не е поврзан со тероризам.

Ова беше првиот активен напад во Британија во последните 11 години, откако таксистот Дерик Бирд усмрти 12 луѓе во Камбрија во 2010.

Легенда под Главна слика

@Facebook

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе