СМЕШНАТА СТРАНА НА РЕФЕРЕНДУМОТ

„Откажи го референдумот или Силвестер ќе го изеде Џивџи“ (ФОТО)

Додека тензиите меѓу Мадрид и Каталонија достигнуваат точка на вриење, твитер-корисниците ја гледаат смешната страна - изборот на пловило за полицајците.

Министерството за внатрешни работи на Шпанија во наредните денови ќе распореди 5.000 полицајци во Каталонија, пишува Ел паис, бидејќи тензиите меѓу Мадрид и Каталонија дојдоа до точка на вриење поради референдумот за независност на Каталонија, закажан за 1 октомври.

Како што пишува Ел паис, бидејќи е невозможно да се најде сместување во Барселона за толку многу луѓе, дел од националните полицајци ќе бидат стационирани во два големи крузери.

Вториот крузер го привлече вниманието на многумина, зашто е насликан со ликови од цртаните филмови „Откачените мелодии“ (Loony Tunes): Силвестер, Џивџи, Којотот и Паторот Дафи...

„Вреди да се напомене дека ова е вистинска приказна, а не дел од страниците на некој сатиричен весник“, вели Ел паис.

„И само овој брод, полн со полицајци, ја оправдува целата врева околу референдумот“, напиша еден корисник на Твитер.

„Владата му постави ултиматум на регионалниот премиер Пучдемон: ако не го откажеш референдумот, Силвестер ќе го изеде Џивџи“, напиша друг.

„Ја нарекуваат полициската операција во Каталонија 'Анубис' (бог на смртта), а престојуваат во брод украсен со Џивџи и Паторот Дафи,“, напиша трет.

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе