Откажана Парадата на гордоста во Осло по пукање во геј бар (ВИДЕО)

Организаторите на собирот на поддржувачите на ЛГБТ во Осло ја откажаа годишната Парада на гордоста која требаше да се одржи денес, а тоа е направено на совет на полицијата, по пукање пред популарен геј клуб во кое загинаа две лица.

EPA-EFE

Организаторите соопштија дека полицијата ги советувала да ја откажат парадата и придружните настани.

„Осло прајд затоа ги повикува сите кои планирале да учествуваат или да ја гледаат парадата да не доаѓаат. Сите настани поврзани со Осло прајд се откажуваат“, соопштија организаторите на Фејсбук.

Пукањето се случи ноќеска пред бар во центарот на норвешката престолнина, кој е популарен меѓу припадниците на ЛГБТ заедницата, јавуваат агенциите.

Осомничениот за нападот е уапсен, а полицијата соопшти дека не верува дека се вмешани други лица.

Во пукањето се повредени 14 лица, од кои осум се префрлени во болница.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе