Откако ја нападна Сирија, Турција бара поддршка од НАТО

Турција денес побара солидарност од своите сојузници во НАТО, пркосејќи ѝ на глобалната осуда на нејзината офанзива во Сирија.

„Не е доволно да се каже ‘ја разбираме вашата легитимна загриженост'“. Сакаме да искажете јасна и гласна солидарност“, рече турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Истанбул.

Турција во средата започна воена и копнена воена операција во Сирија по одлуката на САД да ги напушти курдските сојузници.

Иако Чавушоглу ја опиша операцијата како „легитимна“, нашироко е критикувана во воениот сојуз.

Столтенберг рече дека ја споделил „својата загриженост поради дестабилизацијата на регионот“ и ѝ порача на Анкара да „делува одмерено“.

НАТО ја поддржува Турција со 5 милијарди долари за воена инфраструктура, додаде Столтенберг. „Тоа покажува дека НАТО е присутен во Турција. Тука сме за да ја заштитиме Турција, но и сите нас“, рече Столтенберг.

Столтенберг додаде и дека Турција мора да осигури дека напредокот против ИСИС во Сирија не е компромитиран.

Претходно во петокот, турското министерство за одбрана објави дека уште 49 „терористи биле неутрализирани“, осврнувајќи се на курдските борци, со што вкупниот број на убиени во офанзивата се искачи на 277.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе