Отфрлена австралиската вакцина против корона: Испитаници биле лажно позитивни на ХИВ

Австралиските власти го отфрлија кандидатот за вакцина против коронавирус, откако учесници биле лажно позитивни на ХИВ.

Фото: ЕПА

На вакцината, која не ја надмина првата фаза од клиничките испитувања, работеле Универзитетот Квинсленд и австралиската биотехнолошка компанија ЦСЛ. Австралија се надевала дека оваа вакцина ќе биде достапна до средината на 2021 година.

Во изјавата на ЦСЛ се вели дека кај 215 учесници во клиничките испитувања не биле забележани сериозни несакани ефекти и дека се покажало дека вакцината има „силен безбедносен профил“. Сепак, за време на анализата на податоците, експертите откриле дека антителата генерирани од вакцината ја попречувале дијагнозата на ХИВ и довеле до лажни позитивни резултати на некои тестови за ХИВ.

Доколку вакцината се администрира на национално ниво, пишува ЦСЛ, тоа во Австралија може да доведе до бран на лажно позитивни тестови за ХИВ, пишува Си-ен-ен.

„Контролните тестови потврдија дека кај испитаниците немало ХИВ вирус. Не постои можност вакцината да ја предизвика оваа инфекција“, се додава во соопштението.

Иако Австралија превентивно во октомври нарачала 51 милион дози од вакцината на компанијата ЦСЛ, премиерот Скот Морисон утрово пред новинарите изјави дека вакцината „повеќе нема да биде дел од астралисата програма за вакцини против ковид-19“.

Тој објасни дека Австралија инвестирала во четири ветувачки вакцини, но дека „во ниту една фаза не сметалe дека сите четири ќе поминат низ целиот процес“.

Покрај вакцината на Универзитетот Квинсленд, Австралија нарачала 73,8 милиони дози од вакцините на Астра Зенека и Нововакс. Министерот за здравство Грег Хант рече дека Австралија сега ќе нарача дополнителни 20 милиони дози од Астра Зенека и 11 милиони од Нововакс.

За да биде одобрена, вакцината мора да помине низ три фази на клинички испитувања. Првата фаза вклучува мал број испитаници, обично помеѓу 20 и 100 (или ретко неколку стотици) и со неа се одредува прелиминарна проценка на безбедноста и ефективноста на вакцината. Во втората фаза, ефикасноста на вакцината се тестира на поголем број испитаници, обично помеѓу 50 и 300, и се анализираат различни методи на имунизација, односно администрација на дози. Третата фаза вклучува најголем број учесници - од стотици до десетици илјади; во зависност од болеста за која се развива лекот или вакцината. Во овој момент, одреден кандидат се споредува со плацебо за да се испита реалната ефикасност на развиената вакцина или лек и дополнително се тестира безбедноста и се утврдуваат несаканите ефекти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе