Осуден организаторот на најголемиот грабеж во британската историја

Лидерот на бандата на „дедовци провалници“ е осуден на десет години затвор на суд во Лондон како организатор на најголемиот грабеж во британската историја кој беше извршен во 2015 година во Лондон.

58-годишниот Мајкл Сид, кого колегите го викаат „Базил“, бил уапсен пред една година во својот стан во северен Лондон. Експертото за алармни системи тогаш беше единствениот член на бандата кој сѐ уште беше на слобода.

„Вашата улога била пресудна“, му кажа судијата Кристофер Кинч за време на изрекувањето на пресудата на судот во Вулвич, во источен Лондон.

Обвинителството наведе дека тој бил „еден од водачите“ на грабежот во кој крадците одзеле зато, накит и скапоцени камења во вредност од 16 милиони евра.

Деветмина крадци се веќе осудени, меѓу нив шестмина на затворска казна, поради учество во грабежот со сценарио достојно за Холивуд кое го изврши група во која биле шеесетгодишник и двајца седумдесет годишни мажи.

Тери Перкинс имал 67 години, Џон Колинс 74, а Брајан Ридер 76 во мај 2015, кога биле сместени во притвор. Перкинс починал во затвор.

Искористувајќи го продолжениот велигденски викенд во 2015, провалниците кои главно веќе имале подебели полициски досиеја, влегле во халата на Хатон гарден сејф депозит во која биле сефовите.

Преоблечени во работници на гасната компанија, со градежни шлемови на главите, влегле преку лифтот и со помош на дијамантски индустриски дупчалки издупчиле три големи дупки во бетонскиот ѕид дебел половина метар.

На снимките од безбедносните камери се гледа како мирно влегуваат и излегуваат од халата сѐ додека не испразниле 73 сефа.

Голем дел од украдените скапоцености никогаш не се најдени.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе