Островот под пепел (ВИДЕО)

Поради ерупција на вулканот Суфрие на карипскиот остров Сент Винсент дошло до прекин на снабдувањето со електрична енергија и испораката на вода.

EPA-EFE

Првата ерупција на вулканот Суфрие се случи во петокот кога островот беше покриен со слој пепел, а околу 16.000 луѓе мораа да се евакуираат од своите домови, пренесува Би-би-си.

Од жителите на Барбадос, околу 200 километри источно, исто така е побарано да останат во затворено.

Научниците предупредија дека ерупциите би можеле да продолжат со денови, па дури и со недели.

Организацијата за управување со вонредни ситуации на Сент Винсент напиша на Твитер: „Масовни прекини со напојување со електрична енергија по уште еден експлозивен настан на вулканот Суфрие. Поголемиот дел од земјата е без електрична енергија и е прекриена со пепел“.

Прав со бела боја ги прекрил зградите и патиштата околу островот, вклучувајќи во неговиот главен град Кингстаун.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе