Остри критики на заканите на Трамп со војската: Ја претвора Америка во бојно поле

Најавата на претседателот на САД Доналд Трамп дека ќе ја употреби војската за спречување на протестите наиде на критики. Потпирањето на војската е проблематично и таа би требало да биде аполитичка во поглед на решавањето на внатрешните прашања, сметаат критичарите на Доналд Трамп.

Десетици илјади Американци демонстрираа, главно мирно, осма ноќ по ред поради убиството при апсењето на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Сепак, во Њујорк се уапсени повеќе од 200 лица поради кршење на полицискиот час.

„Тоа не е нешто што почна неодамна. Само што чашата сега се преполни. Повторно и повторно гледаме неправда и погрешен начин на пристапување кон проблемите“, вели еден учесник на протестите.

„Како црна жена, велам дека моите луѓе ја создадоа оваа земја. Бевме силувани и ограбувани за да се создаде оваа земја, а моја одговорност е да се борам за својот народ, за бојата на кожата и за вербата во Америка“, порачува една учесничка на протестите.

Кандидатот на демократите за претседател на САД Џозеф Бајден го обвини претседателот Доналд Трамп дека земјата ја претворил во „бојно поле“ и вети дека ќе направи сè за да ги „излечи расистичките рани“ доколку победи на изборите во ноември.

„Кога мирните демонстранти, по наредба на претседателот, ќе се растераат од прагот на Белата куќа со солзавец и со топовски удари, тогаш можеме да сметаме дека поважна му е моќта од принципите. Трамп ја претвори земјата во бојно поле поделено со старите огорчувања и новите стравови“, оцени Бајден.

Повеќето граѓани на САД ги поддржуваат протестите низ целата земја по повод убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд и му се противат на одговорот на американскиот претседател Доналд Трамп на протестите, се наведува во истражувањето што го спроведоа Ројтерс и Ипсос.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе