Остра реакција на Москва на ставот на Лондон за косовската војска

Во врска со изјавата на британската амбасадорка во Советот за безбедност на ОН, Карен Пирс, дека Приштина има право на сопствена војска, се огласи амбасадата на Русија во Лондон.

Во соопштението е оценето дека Велика Британија и другите западни земји ја игнорираат заканата што формирањето на т.н. косовска војска би ја претставувало врз српското население во Косово и Метохија и дека тоа драстично го зголемува потенцијалот за појава на нов извор на тензии во Балканот, пренесува ТАСС.

„Изненадува фактот што западните претставници постојано го игнорираат овој очигледен факт, кој, на пример, е наведен во последниот полугодишен извештај на шефот на мисијата на ОБСЕ во Приштина“, се оценува во соопштението.

Руската амбасада смета и дека напорите на ЕУ за посредство меѓу двете страни доживеале неуспех.

„Наместо придржување кон доброволно преземените обврски за нормализација на ситуацијата во регионот, тие (членките на ЕУ) во реалноста затвораат очи на грубите прекршувања на меѓународното право“, оценува руската амбасада.

Се истакнува и дека одлуката на Приштина за трансформација на косовските безбедносни сили во војска претставува грубо кршење на Резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност на ОН, со која се дозволува на територијата на Косово да бидат присутни само мултинационални контингенти под меѓународна контрола.

Истовремено, вели руската амбасада, таа одлука е во спротивност и со косовскиот устав.

„Ние редовно им обрнуваме внимание на претставниците на земјите од западниот блок на различни нивоа на овој нечуен факт, но одредени приврзаници на косовската независност ги отфрлаат нашите аргументи со разни изговори. Британците, особено, инсистираат на одредено „правно толкување“ на резолуцијата, која се чини дека добро се вклопува во нивниот „поредок базиран на правила“, соопшти амбасадата.

Амбасадорката на Велика Британија, Карен Пирс, во четвртокот, на седница на СБ на ОН за Косово, рече дека британското правно толкување на резолуцијата 1.244 на Советот за безбедност не забранува формирање косовска армија.

Таа истакна дека Косово повеќе не е „акутна криза“, како и дека има многу поголеми проблеми во врска со меѓународниот мир.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе