Москва

Остра порака на Лавров пред седницата на ОН: Како бомбардирањето ги проширува човековите права?

Западот се претставува како бранител на либералните вредности, а во исто време води политика на санкции, воени закани и бомбардирања, пишува Лавров во авторскиот текст, објавен во руското списание „Русија во глобалната политика".

Имено, рускиот министер за надворешни работи во текстот напиша: „Одговорот на Западот на тековните процеси го покажува нивниот вистински поглед на светот. Неговата реторика за либерализмот, демократијата и човековите права оди заедно со промовирање пристапи засновани на нееднаквост, неправда и себичност и со верба во сопствената исклучителност“.

Либерализмот, за кој Запад се претставува дека го брани, се фокусира на поединците и на нивните права и слободи, додаде тој.

„Затоа, се поставува прашањето како тоа е поврзано со политиката на санкции, економски притисоци и отворени воени закани против бројни независни држави, како Куба, Венецуела, Северна Кореја и Сирија“, наведе Лавров во написот објавен по повод почетокот на 74-то редовно заседавање на Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој посочи дека санкциите директно влијаат врз обичните луѓе и нивната благосостојба и ги кршат нивните социо-економски права.

„Како бомбардирањето на суверени држави, свесен чин на уништување на нивната државност, што доведува до загуба на стотици илјади животи и осуди милиони Либијци, Сиријци и други народи на неизмерно страдање придонесе за заштитата на човековите права“, запраша Лавров.

Тој истакна дека земјите кои себеси се претставуваат како модел за демократија, се грижат за демократијата само кога бараат други држави да ги постават своите системи по примерот на Западот, но кога е неопходно да се воведе демократијата во меѓудржавните односи, тие избегнуваат искрени разговори или се обидуваат да го интерпретираат меѓународното право по своја волја.

Шефот на руската дипломатија, исто така, ги критикуваше визите и другите санкции на Западот против Русите на Крим, велејќи дека тие се казнети поради изразување на својата демократска волја за повторно обединување со својата историска татковина.

„Ова е во спротивност со основното право на народот за самоопределување, како и со правото на луѓето за слобода на движење, загарантирано со меѓународните конвенции“, рече Лавров.

Според него, либерализмот во својата здрава, неискривена форма, традиционално била важна компонента на меѓународната политичка мисла, вклучително и руската. Сепак, тој истакна дека разновидноста на моделите на развој не дозволува став за западното разбирање на либералните вредности да нема алтернатива.

„Овие вредности не можат да се наметнат со бајонети, без да се земат во предвид историјата на земјите и нивните политички и културни особености“, рече Лавров, истакнувајќи дека статистиката на тага и уништување што произлегуваат од „либералното“ бомбардирање, укажува каде тоа може да одведе.

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе