Оставка на шефицата на Амнести интернешнал во Украина по обвинувањата дека војската ги загрозува цивилите

Оксана Покалчук, шефицата на украинската канцеларија на Амнести интернешнал, поднесе оставка откако организацијата за човекови права во извештај наведе дека украинската војска ги загрозува цивилите со тоа што поставува бази и крие оперативно оружје во населени подрачја.

EPA-EFE

Официјален Киев извештајот на АИ го нарече руска пропаганда и дезинформации, а претседателот на Украина Володимир Зеленски ја обвини организацијата дека ги оправдува руските напади на Украина.

Додаде дека Амнести интернешнал „ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата“.

Во извештајот објавен во четвртокот по четиримесечна истрага, АИ ја обвини украинската војска за поставување воени бази во училишта и болници, криење оперативно оружје и почнување напади од населени подрачја, што е тактика која ја оцени како кршење на меѓународното хуманитарно право.

Амнести интернешнал, меѓутоа, во својот извештај инсистира на тоа дека украинската тактика „на никој начин не ги оправдува неселективните руски напади“ кои го загрозуваат цивилното население.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе