Остатоците од соборениот пакистански Ф-16 најдени во Кашмир (ФОТО)

На фотографија објавена од новинската агенција АНИ се гледаат остатоците од Ф-16 опкружени од пакистански војници.

Остатоците на соборениот Ф-16 на Пакистанските воздухопловни сили се пронајдени во Пакистанскиот окупиран Кашмир (ПоК).

На фотографија објавена од новинската агенција АНИ се гледаат остатоците од Ф-16 опкружени од пакистански војници. Индија и Пакистан во средата имаа воздушен конфликт, што доведе до тоа двете страни да загубат по еден авион. Пилот на ИАФ беше заробен од страна на Пакистан.

Пакистан претходно негираше дека користел авион Ф-16 направен од американската компанија „Локхид Мартин“.

Шефот на Службата за односи со јавноста на пакистанските вооружени сили, генерал-мајорот Асиф Гафур, рече дека земјата извршила напад од сопствениот воздушен простор. Обраќајќи се на прес-конференција, тој рече: „Единствената цел на оваа акција беше да се демонстрираат нашето право, волја и способност за самоодбрана. Ние не сакаме ситуацијата да ескалира, но сме целосно подготвени ако бидеме принудени на тоа“.

Гафор, исто така, на Твитер во средата објави: „ПАФ собори два индиски авиони во внатрешноста на пакистанскиот воздушен простор. Еден од авионите падна во АЈ&К (Азад Џаму и Кашмир), а другиот падна во ИОК (Индискиот окупиран Кашмир). Еден индиски пилот уапсен од војниците на терен, а двајца во областа.“

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе