На 300 метри под вода

Остатоци од потонати антички македонски бродови најдени во Либан, можеби од опсадата на Александар во Тир (ФОТО)

Овој важен дел од историјата лежел мирно на дното сето ова време... досега.

Остатоци од флота антички македонски бродови се откриени на 300 метри под вода во близина на либанскиот јужен град Тир, се вели во соопштението од шефот на Либанската унија за професионални нуркачи, Мохамед Ал-Сираџ, објавено денеска.

Според соопштението, Унијата смета дека остатоците може да се резултат на славната историска опсада на Тир од страна на Александар Велики, која се случила околу 300 година пред нашата ера.

Александар Велики се обидел да го освои градот за да изгради пат и да води кампања против Персијците. Ал-Сираџ смета дека со флотата можеби се носеле потребните камења за изградба на патот, што може да предизвикало бродовите да потонат поради тежината и бурните временски услови.

Освен наоѓањето 11 брода, на местото се расфрлани и разни артефакти од скршена керамика, што укажува дека нивното потонување можеби било предизвикано од бура, вели Џафар Фадлалах, професор по археологија на Либанскиот универзитет, за Дејли стар.

„Знаеме дека грчките бродови патувале во групи од по 11, а количеството на керамиката сугерира дека ова било целокупна група бродови“, рече Фадлалах.

Ал-Сираџ го овластил Генералниот директорат за антиквитети да почне да ги ископува и да ги документира наодите; сепак, овој процес значително ќе потрае.

„На копно можете да работите секогаш кога ќе посакате, но под вода, можете да работите само во периоди од по два часа, така што работата ќе трае долго“, објасни Фадлалах.

Според него, истражувањето на локацијата почнало пред околу три месеци, но тоа е пократкиот дел од процесот, додека документирањето ќе потрае многу подолго.

Без оглед на тоа, локалитетот е значајно откритие и уште една историска реликвија што го издржала тестот на времето.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе