Остатоци од кинеската ракета паднаа во Индиски океан, во близина на Малдиви

Остатоци од најголемата кинеска ракета паднаа рано утрово во Индискиот океан, западно од Малдиви, а повеќето нејзини делови биле уништени при враќањето во атмосферата, со што завршија деновите на шпекулации за тоа каде ќе падне, но истовремено и предизвикувајќи американски критики поради недостаток на транспарентност.

Фото: ЕПА

Според координатите објавени од кинеските државни медиуми, повикувајќи се на Кинеската канцеларија за вселенски инженеринг, остатоците од ракетата паднале во океанот, западно од архипелагот Малдиви.

Поради ракетата Лонг марч 5Б, некои луѓе со страв гледаа на небото, откако на 29 април полета од кинескиот остров Хаинан.

Кинеската канцеларија за вселенски инженеринг соопшти дека повеќето остатоци изгореле во атмосферата, а државните медиуми објавија дека делови од ракетата повторно влегле во атмосферата во недела во 4:24 часот.

Американската вселенска команда го потврди враќањето на ракетата над Арапскиот полуостров, но и дека е непознато дали остатоците паднале на копно или во вода.

„Американската вселенска команда нема да ја објави точната локација на ударот и опсегот на погодената област, кои засега се непознати“, се вели во соопштението на нивната веб-страница.

Лонг марч е втора ракета од 5Б варијантата од нејзиниот прв лет во мај 2020 година.

Минатата година делови од првата ракета паднале на Брегот на Слоновата Коска, оштетувајќи неколку згради. Немало повредени.

„Вселенските држави мора да го намалат ризикот за човекот и имотот на Земјата со враќањето на вселенските објекти и да ја зголемат транспарентноста во однос на тие операции“, рече во изјавата директорот на НАСА, Бил Нелсон, поранешен сенатор и астронаут, кој беше избран за таа улога во март, во изјава по падот на делови од ракетата.

„Јасно е дека Кина не ги исполнува одговорните стандарди во врска со отпадот од вселената“.

Бидејќи поголемиот дел од површината на Земјата е покриен со вода, веројатноста остатоците да паднат на населени места на копно била мала, а веројатноста за повреда уште помала, според зборовите на експертот.

Но, неизвесноста околу траекторијата на падот на ракетата и неуспехот на Кина да обезбеди посилни уверувања пред враќањето на ракетата ја разгореа вознемиреноста.

„Клучно е Кина и сите вселенски држави и трговски субјекти да постапуваат одговорно и транспарентно во вселената за да обезбедат безбедност, стабилност и долгорочна одржливост на вселенските активности“, рече Нелсон.

Астрофизичарот од Харвард, Џонатан Мекдауел за Ројтерс изјави дека потенцијалната зона на остатоците може да биде северно од Њујорк, Мадрид или Пекинг и јужно од јужно Чиле и Велингтон во Нов Зеланд.

Откако големи делови од вселенската станица Скајлаб на НАСА паднаа во Австралија во јули 1979 година, повеќето земји настојуваат да избегнат такви неконтролирани враќања со дизајнот на леталата, рече Мекдауел.

Мекдауел вели дека кинеските дизјанери на ракети не се занимавале со тоа.

Глобал тајмс, кинескиот весник, загриженоста ја отфрли како „западно претерување“ дека ракетата била „надвор од контрола“ и можела да предизвика штета.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе