Остар говор на Владимир Путин: Западот ги користи Украинците како топовско месо (ВИДЕО)

Западот ги користи граѓаните на Украина како топовско месо за да ја одржи својата хегемонија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на видео обраќањето на 10. Московска конференција за меѓународна безбедност.

Фото: ЕПА

„На западните земји им требаат конфликти за да ја задржат хегемонијата. Тоа е причината зошто во својот проект против Русија ги користат граѓаните на Украина како топовско месо. Тие замижуваат пред идеологијата на неонацизмот и масовните убиства на цивили во Донбас и го снабдуваат режимот во Киев со оружје“, рече Путин, пренесе ТАСС.

„Под овие околности беше донесена одлука за започнување на специјалната воена операција во Украина која е целосно во согласност со Повелбата на ОН. Оваа операција има јасни цели - да се осигури безбедноста на Русија и рускиот народ и да се спасат граѓаните на Донбас од геноцид“, рече рускиот претседател.

„Ситуацијата во Украина покажува дека САД сакаат да го продолжат конфликтот. Вашингтон ја користи истата практика за да поттикне конфликти во Азија, Африка и Латинска Америка“, додаде тој.

Путин, исто така, ги обвини Соединетите Држави за поттикнување тензии во Азија, опишувајќи ја посетата на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси како „темелно планирана провокација“.

Во говорот на безбедносната конференција во Москва, Путин исто така рече дека безбедносниот пакт АУКУС, договорен меѓу Австралија, Велика Британија и САД, е доказ за обидите на Западот во азиско-пацифичкиот регион да се создаде блок по примерот на НАТО.

Неговите изјави се дел од наративот што Москва се обидува агресивно да го протурка, сакајќи да ја оправда својата инвазија на Украина и да изгради нови глобални сојузи за да се спротивстави на она што Путин го нарекува западна хегемонија и неоколонијализам.

И додека западните влади ја осудуваат инвазијата, нарекувајќи ја империјална узурпација на земја, и се обединети во наметнувањето низа санкции кон Москва, Русија активно им се додворува на земјите од Азија, Африка и Латинска Америка, очекувајќи поблиски трговски врски, продажба на оружје и визија за нов „мултиполарен светски поредок“.

Посетата овој месец на претседателката Пелоси на Тајван, кој Кина го смета за своја територија, „не беше само патување на една неодговорна политичарка, туку дел од намерна и свесна стратегија на САД чија цел е дестабилизација и сеење хаос во регионот и светот“, рече Путин.

„Истовремено, гледаме дека Западот се обидува да го прошири својот блоковски систем во азиско-пацифичкиот регион по моделот на НАТО во Европа. За таа цел се формираат агресивни воено-политички сојузи како АУКУС и слично“, додаде тој.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе