Осомничениот напаѓач од Осло на суд: Насмеан и полн со модрици (ФОТО)

Дваесет и едногодишниот Норвежанец Филип Мансхаус, обвинет за терористички напад на џамија во Осло кој се случи за време на викендот, на суд се појави со лице полно со модринки и лузни. Тој е обвинет и за обид за убиство и за убиство на неговата полусестра.

На обвинителството им е одобрено барањето да остане во притвор уште четири недели, при што ќе му бидат забрането правото на посети и нема да комуницира со медиумите, пренесе Би-би-си.

Напаѓачот се смеел кога влегол во судницата и не се знае од каде му се модринките на лицето.

Мансхаус е обвинет за пукање во исламскиот центар Ал Нор во Баерум, западно од Осло.

Непосредно по нападот во Баерум, пронајдено е телото на неговата 17-годишна полусестра.

Во моментот на нападот имало три лица, а Мансхаус бил совладан пред полицијата да пристигне на местото на настанот.

Управителот на џамијата изјави дека Мансхаус влегол во зградата носејќи панцир и кацига, како и огнено оружје.

Тој испукал неколку истрели, но не успеал никого сериозно да повреди.

Мохамед Рафик (65), поранешен воен пилот во пакистанските воздухопловни сили, го совладал вооружениот напаѓач и му го одзел оружјето.

Адвокатот на Мансхаус, Уни Фрис претходно изјави дека неговиот клиент ги негира обвинувањата и дека нема да разговара со истражителите.

Во изјавата на полицијата се вели дека станува збор за момче со екстремно десничарски и антимигрантски ставови кој ѝ е познат на полицијата веќе година дена.

Непосредно пред нападот на онлајн форумот Ендчан, оставена е порака за која се верува дека ја оставил Мансхаус, а во неа се величи сторителот на нападот во Крајстчрч, Нов Зеланд, Брентон Тарант.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе