Основачот на Хуавеј: САД не можат да нè уништат (ВИДЕО)

Основачот на кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј се спротивстави на американските напори компанијата да му заврши на црната листа и пркосно тврди дека светот не може без Хуавеј и нивната „напредна" технологија, јави Би-би-си.

„САД не можат да нè уништат“, рече Рен Ценфеи во интервју за Би-би-си.

„Потребни сме му на светот бидејќи сме понапредни“.

Рен (74) го осуди апсењето на својата ќерка, главната финансиска директорка на Хуавеј Менг Ванжу, велејќи дека е „политички мотивирано“.

Менг беше уапсена во декември во Канада на барање на САД поради наводно кршење на американските санкции против Иран, а следниот месец ја очекува сослушување на кое судот ќе одлучи за нејзина екстрадиција.

„Се спротивставувам на тоа што го направи САД“, рече Рен. „Но, ќе им дозволиме на судовите тоа да го решат“.

Основачот на Хуавеј, кој вообичаено ги избегнува медиумите, во последниве неколку месеци беше принуден јавно да истапи, бидејќи компанијата се најде под голем притисок поради наводите за шпионажа и американската кампања да ги убеди другите земји да ја забранат нивната технологија.

Минатата година Австралија поради безбедносни причини ја забрани опремата на Хуавеј во својата идна 5Г мрежа.

Нов Зеланд исто така му забрани на својот најголем телекомуникациски оператор да ја користи технологијата на Хуавеј за мрежата на новата генерација, додека, Чешка наводно го исклучила од својот тендер вреден 20 милиони евра за воспоставување даночен портал.

Американските обвинители го обвинуваат Хуавеј дека краде трговски тајни, тврдејќи дека компанијата на вработените им нуди награди доколку украдат технолошките идеи од конкуренцијата.

Рен одмавнува со рака на притисокот од Запад.

„Ако светлата на Запад се изгасат, Исток и понатаму ќе сјае“, рече тој. „Америка не го претставува светот“.

„Дури и ако убедат уште земји привремено да не нè користат, ние секогаш можеме да ја намалиме (компанијата)“.

Меѓутоа, има се повеќе знаци дека американските напори да ги убедат сојузниците да ја избегнат технологијата на Хуавеј би можеле да пропаднат. Британската разузнавачка служба заклучи дека може да се носи со безбедносните ризици донесени од употребата на 5Г опремата на Хуавеј, во понеделникот извести Фајненшал тајмс.

„Ако Британците се уверени дека можат да ги спречат заканите по националната безбедност, тогаш и другите земји можат да ја убедат својата јавност и американската администрација да делуваат претпазливо, со цел да им овозможат на своите телекомуникациски провајдери да користат кинески компоненти“, рече неименуван извор за весникот.

Нов Зеланд, исто така, размислува како да го минимизира ризикот од користење на опрема на Хуавеј во 5Г инфраструктурата наместо целосно да ја исклучи.

Премиерката Јасинда Ардерн во вторникот рече дека канцеларијата за безбедност на Нов Зеланд за безбедносните закани на Хуавеј разговара со Спарк, домашниот телекомуникациски оператор, кому минатата година му е забрането да користи опрема од кинеската компанија.

Таа додаде дека Хуавеј „никогаш“ не бил исклучен од потенцијалното учество во воведувањето на 5Г мрежата во земјата.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе