Основачот на Хуавеј: Американските политичари ја потценуваат нашата сила

Основачот на Хуавеј Рен Женгфеи рече дека САД ги потценува способностите на неговата компанија.

Во изјавата за кинеските државни медиуми, Рен се обиде да го намали влијанието на најновите одлуки на САД, кога се работи за Хуавеј, а додаде дека никој во блиска иднина не може ни блиску да ја достигне технологијата која ја развиле за 5Г мрежата.

Минатата недела САД го додадоа Хуавеј на листата компании со кои американските компании не смеат да соработуваат, освен ако немаат посебна дозвола.

Овој потег е дополнителна ескалација во напорите на САД да ја блокира оваа компанија од Кина.

„Моменталните постапки на американските политичари ја потценуваат нашата сила“, рече Рен, според транскриптите објавени од страна на кинеските државни медиуми, пренесе Би-би-си.

Хуавеј се соочува со силен отпор од западните земји предводени од САД. Сè започна со тврдењата дека Хуавеј шпионира и дека е ризично да се користат нивните производи за следната генерација на 5Г мобилната мрежа.

Завчера имаше нова ескалација кога Гугл му забрани на Хуавеј да ги ажурира апликациите во Гугл плеј стор и практично им забрани пристап до сопствените услуги.

Вчера, Министерството за трговија на САД издаде привремена дозвола со која на некои компании им се дозволува да продолжат да ги користат мрежите и уредите на Хуавеј.

САД соопшти дека ќе им даде дозвола од 90 дена, која ќе овозможи функционирање на постоечките корисници на мобилни телефони на Хуавеј, како и за руралните широкопојасни мрежи.

Сепак, Рен тврди дека Хуавеј е однапред подготвен за овие рестрикции кои им се наметнати од САД.

Корисниците се, сепак, загрижени бидејќи не знаат што значи тоа за нив, а последиците може да бидат големи и за самиот Хуавеј, кој се најде во центарот на трговската војна меѓу САД и Кина, на која засега не ѝ се гледа крајот.

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе