Основачи на Бајонтек: Пандемијата ќе трае до средината на 2022 година

Пронаоѓачите на првата вакцина одобрена на Запад изјавија дека наглото зголемување на инфекциите со ковид-19 во земјите во развој, како што е во Индија, поради релативен недостиг на залихи на вакцини, значи дека пандемијата ќе се шири до средината на 2022 година.

Фото: ЕПА

„Поради итноста на ситуацијата, властите би требало да размислат за мерки како мешање и совпаѓање на вакцини од различни производители“, изјавија во вторникот основачите на Бајонтек, како што објави Волстрит џурнал.

„Мора да обезбедиме високи стапки на вакцинација низ целиот свет, во спротивно никој нема да биде безбеден“, рече Угур Сахин, извршен директор на Бајонтек, додавајќи дека пандемијата ќе заврши само откако ќе се постигне колективен имунитет низ целиот свет.

„До средината на 2022 година, дури и региони со висока густина на населението, како што е Индија, ќе достигнат високи стапки на вакцинација и со тоа имунитет на стадо. Во следните 12 месеци, поради зголемениот производствен капацитет на сегашните играчи и создавањето на нови производствени области, ќе видиме сè поголем број на земји во развој и со ниски примања како постигнуваат колективен имунитет“, рече извршниот директор на Бајонтек.

Сахин, кој ја основаше компанијата со својата сопруга Озлем Туречи, рече дека ја прошируваат соработката со повеќе од 30 компании за да произведат поголема количина на вакцини за снабдување на држави како Индија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе