Според Барадар, кој ја предводи талибанската политичка канцеларија, на високи владини позиции ќе му се придружат Мула Мухамед Jaкоб, синот на починатиот талибански основач Мула Омар, и Сер Мохамед Абас Станкзаи, според три извори, пренесува Ројтерс.
„Сите високи лидери пристигнаа во Кабул, каде што подготовките се во завршна фаза за објавување нова влада“, изјавил талибански претставник за Ројтерс.
Талибанците, кои го освоија Кабул на 15 август, откако освоија поголем дел од земјата, се соочија со отпор во долината Панџшир, северно од главниот град, каде што неколку илјади борци од регионалната полиција и преостанатите вооружени сили се собраа под водство на Ахмад Масуд, синот на поранешниот муџахедински командант Ахмад Шах Масуд.
Сега, сепак, се чини дека напорите во преговорите за договор се прекинати, за што двете страни се обвинуваат меѓусебно.