Основач на талибанците на чело на новата влада во Авганистан

Еден од основачите на талибанското движење, Мула Барадар, ќе ја предводи новата авганистанска влада, која би можела да се формира наскоро, објавија денеска неименувани извори од таа исламистичка група.

Фото: ЕПА

Според Барадар, кој ја предводи талибанската политичка канцеларија, на високи владини позиции ќе му се придружат Мула Мухамед Jaкоб, синот на починатиот талибански основач Мула Омар, и Сер Мохамед Абас Станкзаи, според три извори, пренесува Ројтерс.

„Сите високи лидери пристигнаа во Кабул, каде што подготовките се во завршна фаза за објавување нова влада“, изјавил талибански претставник за Ројтерс.

Талибанците, кои го освоија Кабул на 15 август, откако освоија поголем дел од земјата, се соочија со отпор во долината Панџшир, северно од главниот град, каде што неколку илјади борци од регионалната полиција и преостанатите вооружени сили се собраа под водство на Ахмад Масуд, синот на поранешниот муџахедински командант Ахмад Шах Масуд.

Сега, сепак, се чини дека напорите во преговорите за договор се прекинати, за што двете страни се обвинуваат меѓусебно.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе