Косовската претседателка

Османи: Ги повикувам членките на Движењето на неврзаните да не паѓаат на пропагандата на Србија

Косовската претседателка Вјоса Османи реагираше по повод одржувањето на конференцијата на Движењето на неврзаните во Белград.

EPA-EFE

Таа истакна дека Србија го злоупотребува статусот во Движењето на неврзаните со цел „да ја искриви вистината за Косово“.

Османи на Фејсбук потсети дека Косово го признале значителен број членки на Движењето на неврзаните, а останатите ги повика „да не паѓаат на пропагандата на Србија“.

„Србија ги продолжува напорите со лажни наративи и аргументи да ја поткопа државата Косово. Предводена од Слободан Милошевиќ, Србија го предизвика насилното разбивање на Југославија, геноцид, злосторство против човештвото и разни злосторства на Косово, во Босна и Херцеговина и во Хрватска, како и флагрантно кршење на основните принципи на Движењето на неврзаните. Меѓународниот суд на правдата во 2010 година потврди дека прогласувањето на независноста на Косово не го крши меѓународното право. Затоа ги повикувам сите држави кои се во Движењето на неврзаните, а кои не го признаваат Косово, да се водат по ова толкување на Меѓународниот суд на правдата, а не со пропагандата на Србија која не се ослободи од менталитетот на Милошевиќ“, напиша Османи.

Таа побара Србија да се откаже од, како што кажа, поткопувањето на меѓународната позиција на Косово.

„За да придонесе на добрососедските односи на двете земји, Србија мора да се откаже од напорите да ја поткопува меѓународната позиција на Косово преку лобирањето против членството на Косово во меѓународните организации и кампањата против признавањето на независноста на Косово од други држави“, смета Османи.

Истакна дека ја цени поддршката кои одделни членки на Движењето на неврзаните ја пружаат на Косово.

„Република Косово ја цени поддршката која ни ја пружаат одделни земји на патот кон слободата и независноста. Во овој контекст се надевам дека земјите кои учествуваат на самитот во Белград јасно ќе ги отфрлат обидите на Србија да го злоупотреби собирот против Косово и другите држави во регионот“, напиша Османи на Фејсбук.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе