Нов Зеланд

Осма жртва на ерупцијата на вулканот, некои луѓе имаат изгореници на 95 отсто од телата (ВИДЕО)

Потврдена е смртта на уште две лица по ерупцијата на вулканот на новозеландскиот Бел Остров, па сега официјално се забележани осум смртни случаи.

Полицијата соопшти дека жртвите умреле во болница од повредите добиени при трагичната ерупција на новозеландскиот вулкан.

Докторите објавија дека лечењето на преживеаните е отежнато поради специфичноста на изгорениците кои ги предизвикале хемикалиите исфрлени во ерупцијата и дека 22 пациенти сѐ уште дишат со помош на апарати.

Медицински извори денес кажаа дека од САД нарачале околу 100 квадратни метри кожа за лекување на преживеаните кои имаат изгореници на дури 95 отсто од телото.

Во времето на ерупцијата на островот имаше 47 туристи, а за шест набрзо беше потврдено дека загинале. 30 туристи завршија во болниците со изгореници, а некои од нив сѐ уште се во животна опасност.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе