Ослободен рускиот новинар обвинет дека е дилер на дрога (ФОТО+ВИДЕО)

Обвинувањата против рускиот истражувачки новинар Иван Голунов за трговија со дрога во спорниот случај кој предизвика гнев на граѓанското општество се повлечени, соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.  

„Голунов денеска ќе биде ослободен од куќен притвор и обвинувањата против него се повлечени“, кажа министерот за внатрешни работи Владимир Колокољцев во соопштението.   

Колокољцев соопшти дека ќе биде икината мерката куќен притвор поради отсуство докази дека Голунов се занимавал со продажба на наркотици.   

Припадниците на полицијата што учествувале во апсењето на новинарот Иван Голунов се суспендирани од работа во периодот на проверката, рече министерот.   

Тој соопшти дека ќе бара од претседателот Владимир Путин шефот за борба против трговијата со наркотици во Москва да биде сменет од таа функција.   Истражувачкиот новинар на независниот портал „Медузи“ Голунов е уапсен во центарот на Москва на 6 јуни кога одел на состанок со изворот на информацијата. Како што соопшти полицијата, при претресот на неговиот ранец најден е мефедрон, а при претресот на неговиот стан повеќе од пет грама кокаин.   

По два дена е обвинет за продажба на наркотици во големи размери. Судот му одреди казна куќен притвор на два месеци.  

Тој изјави дека кривичното дело е монтирано и дека е поврзано со неговите истражувања за погребниот бизнис, чии доходи одат за високите чиновници од безбедносните структури.  

Главниот уредник на Медуза Игор Колпаков кажа дека на новинарот му се заканувале во последната година. 

Случајот привлече големо внимание и во Русија и во странство поради загриженоста дека Голунов можеби е уапсен поради работата за независниот портал Медуза.  

Голунов го поддржаа многу познати руски новинари и јавни личности, а за утре во Москва е најавен протест на поддршка. 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе