Ослободен последниот ирачки град од рацете на ИСИС (ВИДЕО)

Рава е вратена под контрола на ирачките сили, велат официјалните претставници.

Ирачкото министерство за одбрана соопшти дека ирачките сили, поддржани од коалицијата предводена од САД, го ослободиле последниот ирачки град од рацете на групата Исламска држава, според АП.

Министерството денеска соопшти дека ирачките воени единици и локалните племенски борци влегле во западните населби на Рава на реката Еуфрат во западен Анбар.

Официјални лица потоа објавија дека силите ја презеле контролата над градот. Според ирачката Заедничка оперативна команда, ирачкото национално знаме попладнево било кренато над градот, објави Си-ен-ен. Портпаролот на Командата вели дека инженерите поставиле понтонски мост, за ирачките сили да можат да го преминат Еуфрат.

Борците на ИСИС во летото 2014 година упаднаа во северен и западен Ирак, освојувајќи го вториот најголем ирачки град Мосул и напредувајќи кон ирачкиот главен град Багдад. Подоцна истата година САД почнаа воздушни напади против милитантите, што ѝ помогна на војската повторно да го заземе Мосул во јули годинава. Во август, секретарот за одбрана Џејмс Матис рече: „ИСИС е во бегство и тие се покажаа неспособни да му се спротивстават на нашиот тим“.

Според Си-ен-ен, сè уште постојат некои групи на отпор, при што ИСИС контролира одредена територија во пустините во западниот дел на земјата, но повеќе не контролира ниту еден град или населба.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе