Саботажа

Оштетени два саудиски танкери во близина на Обединетите Арапски Емирати, им доставувале нафта на Американците

Два саудиски нафтени танкери се значително оштетени во „саботажа“ во водите во близина на брегот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), соопшти денес саудискиот министер за енергетика Калид ал Фалих.

Двата брода биле на пат кон пристаништето Рас Танура каде што требало да земат нафта вчера наутро кога биле нападнати во близина на брегот на емиратот Фуџаира, кажа министерот Ал Фалих во соопштение кое го пренесе државната саудиска новинска агенција.

Нафтата требало да им биде доставена на американски купувачи на компанијата Сауди Арамко, истакна министерот, додавајќи дека во нападот нема повредени ниту истекување на нафта.

Ал Фатах истакна дека целта на нападот била да се поткопа безбедноста на нафтените достави до купувачите во светот. Министерот не кажа на кој начин била извршена саботажата или кој е одговорен.

Саудискиот министер за надворешни работи кажа дека четири комерцијални брода од различни држави биле цел на инцидентот во близина на брегот на ОАЕ и дека настанот го истражуваат меѓународни агенции.

Иранското министерство за надворешни работи го нарече инцидентот „загрижувачки и страшен“ и повика на спроведување истрага. Извештаите доаѓаат во време на растечки тензии во регионот меѓу Иран и Соединетите Држави.

Минатата недела САД најавија распоредување авиони и бомбардери на Блискиот Исток, потег кој Вашингтон го опиша како јасна порака до Иран.

Цените на нафтата денес пораснаа, а пазарната цена рипна на речиси 71 долар.

ОАЕ истакнаа дека по инцидентот состојбата во Фуџаира е нормална. Емиратот Фуџаира е најголемиот светски јазол за нафта, и лежи во Хормушкиот теснец, клучниот премин за бродовите со нафта.

„Меѓународната заедница има заедничка обврска да ја заштитат безбедноста на поморските рути и безбедноста на нафтените танкери, за да се ублажат негативните ефекти врз пазарот со фосилни горива и да се отстрани опасноста за светската економија“, кажа Ал Фалих.

Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи кажа дека инцидентот „имал негативно влијание врз безбедноста на поморскиот превоз“ и ги повика соседните земји на „внимание против дестабилизирачките заговори на странските агенти“.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе