Оружјето најдено во базата на генералот кој ја освојува Либија ѝ припаѓа на Франција (ФОТО)

Американските проектили најдени во база на силите лојални на командантот од истокот на Либија Калифа Хафтар ѝ припаѓаат на Франција, потврди денес француското министерство за одбрана, објаснувајќи дека тоа оружје никогаш не било наменето за продажба или трансфер на некоја од страните во конфликтот, туку дека требало да биде уништено како неупотребливо.

Француското оружје од американско производство го најдоа силите кои се борат на страната на владата на национално единство во Триполи.

„Проектилите „џавелин“ најдени во Гарјан ѝ припаѓаат на француската војска, а се купени од САД“, призна француската влада и ги потврди тврдењата на Њујорк тајмс.

Според соопштението на министерството, оружјето било наменето „за самооодбрана на француските воени единици распоредени за собирање разузнавачки податоци и изведување антитерористички акции“.

„Оштетено и неуптребливо, оружјето било привремено складирано пред да биде уништено“, објаснува министерството во соопштението и особено истакнува дека „никогаш не станувало збор за продажба, отстапување или трансфер на тоа оружје на која било страна во конфликтот во Либија“.

Њујорк тајмс јави дека силите на владата во Триполи нападнале логор во Гарјан, во планините јужно од главниот град на 26 јуни и ги нашле четирите антитенковски проектили.

Франција генерално го поддржува генералот Хафтар, сметајќи дека неговите сили се корисни во борбата против исламските милитанти. Пензионираниот генерал четири децении беше дел од либиската политичка сцена, а својата Либиска национална армија (ЛНА) ја формирал, според него, за да се бори против исламските екстремисти.

Целта на ЛНА, според Хафтар, е да ги врати редот и безбедноста во земјата и да ги победи оружените банди и „тероризмот“.

Фајез ал Сера, премиерот на владата на национално единство која ја има поддршката од ОН, порача дека ќе го брани Триполи, а Хафтар го обвинува дека сака да изврши воен удар.

Хафтар, популарен во Бенгази, а поранешен генерал на Моамер Гадафи кој во 1987 година падна во немилост кај либискиот диктатор и следните 20 години ги посвети на неговото уривање од власта.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе