Турскиот нобеловец

Орхан Памук во Сараево: Турците сакаат демократија, а не режимот на Ердоган

Добитникот на Нобеловата награда за книжевност, турскиот писател Орхан Памук изрази задоволство што на локалните избори во Истанбул беше поразена партијата на претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, чија власт ја опиша како режим.

„Државата е во страв. Сите што ја критикуваат владата завршуваат во затвор. Гневен сум поради тоа. Но, локалните избори покажуваат дека Турција полека се враќа на старите патеки на славата. Конечно го вративме Истанбул. Победивме во Истанбул“, кажа Памук синоќа во разговор со граѓаните на Сараево.

На повторените избори за градоначалник на Истанбул во неделата победи кандидатот на опозициската секуларна Републиканска народна партија (ЦХП) Екрем Имамоглу, што е голем удар за владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот Ердоган.

Памук изрази уверување дека владата сакала „со трикови да ги украде изборите“.

„Изгубија толку гласови затоа што мамеа. Турскиот народ ги сака своите ливчиња и гласови. Среќен сум што тоа го видов пред два дена. Луѓето возвратија“, оцени еден од водечките светски книжевници.

Памук изрази и разбирање за тоа што Европската Унија со години одбива да ја прими Турција во своето членство.

„Турција не ја заврши својата задача околу малцинствата и слободата на говорот. Во Турција повеќе нема слобода на говор. Како може да ѝ се лутите на ЕУ кога затворате писатели“, праша Памук.

Тој истакна дека турскиот народ сака демократија, а не режим.

Орхан Памук е роден во Истанбул во 1952 година, а во 2006 ја доби Нобеловата награда за книжевност. Книгите му се преведени на 62 светски јазици и продадени во повеќе од два милиони примероци.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе