Орбан за критиките на ЕУ: Тие се колонијалисти

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ги обвини лидерите на ЕУ дека се однесуваат како „колонијалисти“ кога го критикуваат спорниот унгарски закон кој сметаат дека ги ограничува правата на ЛГБТ лицата во таа земја.

EPA-EFE

Лидерите на Европската Унија го критикуваа Орбан поради тој закон на самитот во Брисел минатата недела, а холандскиот премиер Марк Руте кажа дека Унгарија треба или да ги поддржи вредностите на Унијата или да излезе од блокот.

Во изјавата за државното радио Орбан се спротивстави на повиците да го повлече законот кој забранува „изразување или промоција на хомосексуалноста“.

„Се однесуваат како колонијалисти. Сакаат да диктираат кои закони треба да се применуваат во друга земја, сакаат да ни кажуваат како да ги водиме нашите животи и како да се однесуваме“, кажа Орбан за своите критичари во ЕУ.

Тој истакна дека нивната критика е резултат на „лошите рефлекси предизвикани од нивното колонијално минато“. Парламентот на Унгарија кон средината на јуни го изгласа законот со кој се забранува промовирање на хомосексуалноста меѓу малолетниците.

Унгарската десничарска влада инсистира на тоа дека законот е потребен за да се обезбеди сексуалното образование на децата помлади од 18 години да биде единствено домен на родителите.

Меѓутоа ЛГБТ активистите и високите европски функционери го осудија законот сметајќи дека ги стигматизира сексуалните малцинства и се обидува да го задуши разговорот за сексуалната ориентација.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела го нарече законот „срамен“ и ѝ испрати писмо на Унгарија барајќи од неа објаснување за влијанието на законот врз основните права.

Шефовите на 17 земји од ЕУ потпишаа заедничко писмо во кое се осудува законот и ја повикаа Европската комисија да ја тужи Унгарија во Европскиот суд на правдата околу ова прашање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе