Орбан: Во случај на притисок, испраќаме војници на границата со Србија

Во рамки на Вишеградската група постои договор да се испратат паролни единици на границата на Србија и Унгарија ако нагло се зголеми емиграцискиот притисок врз Унгарија.

Договорот е Чешка, Полска и Словачка да испратат свои единици, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Одбан во Будимпешта, по состанокот со словенечкиот премиер Марјан Шарец, истакна дека во моментов 96.000 емигранти ја користат таканаречената балканска рута на патот кон Западна Европа и оцени дека е невозможно да се каже дали ќе се обидат да стигнат до Унгарија или Словенија преку Хрватска.

„Двајцата знаеме што значи кога масите ќе се обидат да ги минат нашите граници и нелегално да минат преку нашите земји. Знаеме како е кога не сакаат да дојдат кај нас, туку само сакаат да поминат и знаеме како е кога законот, националните интереси и хуманоста во справувањето со нештата на правилен начин и во судир едни со други“, кажа Орбан.

Тој додаде дека Унгарија сочувствува со напорите на Словенија да ги брани своите граници и најави дека двете земји планираат заедно да испратат медицинска опрема во Африка.

Шарец кажа дека билатералните односи на двете земји се исклучително силни во областите на економијата и туризмот, додавајќи дека со Орбан главно разговарал за продлабочување на економската соработка.

Кога станува збор за емиграциите, Шарец смета дека најдоброто решение е да се подобрат условите за живеење во земјите на потекло на емигрантите како и да се спречи тие да ја напуштат својата татковина.

Тој ја повика ЕУ да осмисли заедничка политика по тоа прашање.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе