Орбан влезе во директен судир со Украина, пред него и Унгарија никогаш понеизвесни избори

По интензивната кампања во која доминираше темата на руската инвазија на Украина, Унгарците денес излегоа на гласачките места на избори на кои анкетите му даваат мала предност на актуелниот премиер Виктор Орбан.

EPA-EFE

На владејачката партија Фидес за првпат во 12 години опозицијата ѝ се спротивставува обединета.

Предноста на Фидес е минимална, па сите опции се на маса, кажа за Франс Прес Булсу Нунјади, аналитичар на независниот институт Политикал капитал.

Тој смета дека „мобилизацијата од последните неколку дена“ е клучна бидејќи во земјата со 9,7 милиони жители околу половина милион до петокот беа неодлучни.

Орбан во петокот го одржа последниот митинг во градот Секешфехервар додека неговиот противник, лидерот на опозицијата Петер Марки Зај последното обраќање го имаше вчера во престолнината Будимпешта.

Иако на европско ниво го поддржа Киев, владата на Орбан одби транзит на оружје за Украина преку својата територија и, според Хунјади, судирот во соседството го свете на едноставно прашање: Треба ли Унгарија да се вклучи или не.

„Таа порака беше многу поефикасна од опозициските критики на власта поради блискоста со Русија. На тоа помага и фактот што пропагандната машинерија на Фидес е значително поефикасна од способноста на опозицијата да допре до гласачите“, вели тој.

Аналитичарите истакнуваат и дека реформите на изборниот систем низ годините оделе во корист на владејачката партија, што владата го отфрла.

„Теренот е апсолутно еднаков за сите“, кажа портпаролот на владата Золтан Ковач.

Ковач го критикува Марки Зај дека е само личност без партија и свои пратеници. Тој се истакна кога го победи Фидес и стана градоначалник на градот Ходмезовашархели, но има тешка задача на водење на коалиција од широка лепеза на партии, од десниот Јобик, до либералите, зелените и социјалдемократите.

Тие политички опции се обединети во желбата да го урнат Орбан и неговиот „нелиберален“ модел на демократија кој Фидес го гради од 2010, често во судир со Брисел.

Изборот пред Унгарците „никогаш не бил толку едноставен“, вели 49-годишниот Марки Зај.

Истакнува дека Унгарија треба да го „избере патот на Европа, а не на истокот“, мислејќи со тоа на односот на владата кон Москва и Пекинг.

Владата на Орбан ја критикуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, издвојувајќи го унгарскиот премиер поради блискиот однос со рускиот претседател Владимир Путин.

Унгарија возврати напаѓајќи ја Украина дека се обидува да влијае врз денешните избори.

Неутралниот став ја суди Унгарија и со Полска, сојузничката од Вишеградската група, која зазема директно антируски став.

Но, како што кажа Ковач, „ако изолацијата е цената за одбрана на Унгарија, тогаш премиерот е спремен на тоа“.

Портпаролот на владата кажа дека го почитува ставот на Полска дека увозот на гас од Русија може да се прекине, но додаде дека не постои начин Унгарија да не биде зависна од него.

Тој Орбан го претставува како „доајен на европската политика“ и го фали „економскиот и социјалниот успех“ кој Унгарија го ужива во последните 12 години.

Опозицијата го обвинува Фидес за неодговорно економско управување кое Унгарија ја направило неспремна за инфлацијата, а форинтата слаба во однос на еврото.

Владата за време на кампањата ги ограничи цените на енергенсите и на гласачите им вети низа финансиски олеснувања.

„Иако тие мерки требаше да бидат тајното оружје на Фидес, проблемот е што инфлацијата го изеде и тоа“, вели Андраш Биро Наги, аналитичар на Полиси солушнс.

Покрај денешните избори се одржува и референдум за образованието за ЛГБТ темите во училиштата, а за првпат во Унгарија ќе престојуваат и над 200 меѓународни набљудувачи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе